Во Скопје изречени 108 мерки, 42 за брзо возење

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Вкупно 108 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, меѓу кои за брзо возење – 42, девет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло и 30 мерки за непрописно паркирање.

– Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од Министерството за внатрешни работи.

Видео на денот