Во Скопје 228 сообраќајни прекршоци, 28 за брзо возење

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од МВР денеска информираа дека се  изречени 24 санкции за немање возачка дозвола, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три мерки за возач почетник, 47 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот