Во Сирија се уште се наоѓаат 73 албански граѓани

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Во Сирија се уште се наоѓаат 73 албански граѓани, за чие враќање албанските власти подготвуваат посебен план.

– Во финална фаза е подготовката на акцискиот план за дел од своите граѓани кои чекаат да се вратат и да се реинтегрираат. Тоа во многу тесна и динамична соработка со институциите за спроведување на законот, со Обвинителството, полицијата, но и со локалната власт. Во исто време, разгледани се и други компоненти, социјални, економски, психијатриски и едукативни, изјави за „Топ чанел” координатор на Центарот за борба против насилниот екстремизам, Агрон Сојати.

Според истиот извор за финализирањето на операцијата за враќање на албанските граѓани од Сирија, постои одреден скептицизам, поради опасноста од нивното доаѓање што се чувствува меѓу граѓаните во Албанија. Посебно постои загриженост околу разбирањето и подготвеноста на граѓаните на Албанија да помогнат.

На боиштата во Сирија и во Ирак, на страната на Исламска држава војувале околу 150 албански граѓани, а потврдена е смртта на 26 од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот