Во Сирија најмалку петмина загинати во експлозија на нагазна мина

Сирија / Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Во експлозија на нагазна мина во сириската провинција Хама загинаа најмалку пет лица.

Новинската агенција САНА јави дека камионот со кој се превезувале селаните налетал на антитенковска мина поставена на патот, пренесе ТАСС.

Во експлозијата на мината, за која се верува дека ја поставиле припадници на терористичката Исламска држава, има и 13 ранети кои биле пренесени во болницата.

Сириската армија го одби нападот на Исламската држава на 24 февруари во пустината Бадија Ал-Шам, а во тој судир животот го загубија деветмина војници и еден терорист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот