Во Сирија е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади

Во американска воена операција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат сите светски агенции.

Неименуван американски претставник за домашните медиуми изјави дека ал-Багдади синоќа бил цел на напад на нивните сили во Идлиб и дека се очеува потврда дека тој навистина е убиен во акцијата на американските специјалци.

Американскиот претседател Доналд Трамп , синоќа на Твитер напиша „ Нешто големо штотуку се случи”.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, изјави дека Трамп во текот на денот ќе се огласи за овој настан.

Ирак, од друга страна, веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ал-Багдади е убиен, во нападот на американските специјални единици врз ќелија на групата, пренесоа британските меидуми.

Прочитајте и...  Целосно реновирана Службата за итна медицинска помош, во Здравствен дом Битола за 3 години реализирани 54 нови вработувања

„Нашите извори од Сирија на разузнавачите им потврдија дека тој е убиен, заедно со неговиот личен телохранител, откако неговото скривалиште во Идлиб било откриено додека се обидувал да го извади своето семејство од регионот и да ги одведе кон турската граница”, изјавил иракиот извор од Сирија.

ДПА јави дека ал-Багдади бил нападнат во рација во северо-западна Сирија, а ЦИА помогнала во неговото лоцирање.
„Њусвик”, исто така, објави за рацијата, додавајќи дека неа Трамп ја одобрил уште пред една недела.

Официјален претставник на американската армија изјави дека Министерството за одбрана има „голема верба” дека „вредната цел” е убиена во рацијата во северно-западната провинција Идлиб, иако очекува дополнителна верификација.
Засега нема официјална потврда за смртта на водачот на ИД.

Прочитајте и...  Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ја почитува одлуката на народот изразена на референдум и рудници нема да се отвораат

Конечната потврда се чека по спроведените ДНК и биометриски тестирања, изјавија извори за Си-Ен-Ен.

Рацијата ја изведоа командоси од специјалните сили.

Прочитај повеќе

Убиени 4 лица во експлозии во Сомалија

Слободен печат

Јанушев од Лозово: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара референдум каде што граѓаните ќе се изјаснат за изградба на кафилерија

Слободен печат

Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 потврдени случаи на КОВИД-19

Слободен печат

Николовски: Источниот регион е добар пример дека кога се работи домаќински, има резултати

Слободен печат

Над 100 деца заразени од коронавирус во Албанија

Слободен печат

Полицијата упаднала во стан и пронашла питон долг 5,5 метри и тежок 50 килограми

Слободен печат

1 comment

Aco 27/10/2019 - 10:48 at 10:48

Toj e nivni agent kako na sekade vo sveto sadam tuzman taci alija ahmeti milosevic bil laden i sega ovoj na islmskata drzava

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев со честитка за 4 јули: САД секогаш биле со нас, споделената радост со искрени пријатели е поголема радост

Слободен печат

До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици

Слободен печат

Тајната служба на Кремљ во лов на државни предавници, мета се научниците

Слободен печат

Петар Колев: ГДУ голем дел од својот фокус го насочува кон реформите на правосудниот систем

Слободен печат

Целосно реновирана Службата за итна медицинска помош, во Здравствен дом Битола за 3 години реализирани 54 нови вработувања

Слободен печат

За еден ден во Бразил починале 1.290 луѓе од Ковид-19

Слободен печат