Во Сингапур против ковид-19 ќе се вакцинираат и децата постари од 12 години

Во Сингапур од 3 јуни против ковид-19 ќе се вакцинираат децата постари од 12 години, најави премиерот Ли Хсиен Лонг.

– За време на овој најнов бран, имаме повеќе случаи на заразени деца, нагласи тој, додавајќи дека распустот во јуни ќе бидат искористен за вакцинирање на ученици.

Сингапур неодамна ги заостри мерки по наглото зголемување на бројот на заразени со ковид-19, а училиштата се затворени од средината на мај. Властите одобрија употреба на вакцина Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години.

Откако ќе бидат вакцинирани околу 400.000 ученици и студенти во Сингапур, властите најавија имунизација на лицата под 39 години, последната група од 5,7 милиони жители на Сингапур, кои се уште треба да се вакцинираат.

Ли додаде дека ќе се укинат дел од рестриктивните мерки по 13 јуни, благодарение на падот на бројот на локално пренесување на вирусот.

Во Сингапур досега со ковид-19 се инфицирале 62.000 луѓе, а регистрирани се 33 смртни случаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот