Во Швајцарија потврдени три случаи на заразени со сојот омикрон
Во Швајцарија се откриени три случаи на новата варијанта на коронавирусот омикрон, јави ДПА.
-Резултатот е потврден со секвенционирање на вирусот, изјави денеска портпаролката на сојузната канцеларија за јавно здравје.
Еден од случаите се однесува на 19-годишен студент од градот Базел, кој е двапати вакциниран, известија тамошните власти, пренесува ДПА.
-Случајот е откриен при редовно тестирање во училиштето, а потоа потврден и со индивидуален тест, рече таа.
Првично не било познато каде тинејџерот се заразил со болеста, бидејќи не патувал. Момчето имало благи симптоми на Ковид-19.
Уште еден случај е потврден во кантонот Базел, а за третиот случај засега е нејасно каде е откриен, додава ДПА.
Извор: МИА