Во штипското училиште „Гоце Делчев” се инвестираат речиси 20 милиони денари

Училиште / илустрација / Фото: Слободен печат

 Почна реконструкцијата на фасадата во општинското основно училиште „Гоце Делчев” во Штип. Министерството за образование и наука обезбеди 10.700 денари за реконструкција и поставување на енергетски ефикасна фасада и осум милиони денари за санација на кровот.

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов денеска изврши увид во градежните работи.

-Со оваа крупна инвестиција училиштето ќе добие енергетска ефикасност и големи заштеди на електричната енергија. Општината досега во ова училиште има вложено околу шест милиони денари, со кои беа санирани санитарните јазли, поставување на ограда околу училиштето, а исто така решен е и проблемот во подрачното училиште во населбата „Три чешми”, каде е поставена дренажа, вели Николов.

Директорот на училиштето Трајче Димков информира дека со средства од општината набавена е нова дигитална опрема и училишен мебел, а соработката со општината резултирала со изработка на техничката документација за да се добие еден капитален проект од Министерството за образование и наука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот