Во штипското Инфективно одделение се лекуваат четири пациенти заразени со ковид-19

Тој посочи дека инфектолозите постојано следат и четиричлено семејство од Штип, кои се на домашно лекување.

Во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип хоспитализирани се четворица пациенти заразени со коронавирус. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека пациентите се во добра здравствена состојба, еден од нив веќе го има првиот негативен тест, а по 48 часа се очекува да се направи и вториот тест.

-Доколку се добие и вториот негативен тест и тој ќе влезе во бројката на излекувани пациенти. Пациентите кои се на Инфективното одделение се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се од Пехчево и двајца се од Кочани, вели Ѓеорѓијев.

Тој посочи дека инфектолозите постојано следат и четиричлено семејство од Штип, кои се на домашно лекување.

-Сите се во добра здравствена состојба и тоа се пациенти, кои секојдневно ги контактираме, вели Ѓеорѓијев.

Во штипскиот регион регистрирани се 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите се веќе влезени во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници, кои веќе се на своите работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот