Во штипските училишта досега девет ученици позитивни на коронавирусот

Училница / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански” денеска е регистриран еден ученик позитивен на коронавирусот, а епидемиолозите во изолација испратија уште пет ученици. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип Марија Димитрова информираше дека со новиот случај до денеска во штипските основни и средни училишта потврдени се вкупно девет ученици позитивни на Ковид 19, а во изолација се вкупно 78 ученици.

– Состојбата со градинките во Штип е стабилна и немаат случаи на заразени деца, додека во штипските текстилни конфекции има изолирани случаи. Работниците со вирусот се заразиле во домашни услови и во конфекциите нема поголема група на работници, кои покажале позитивен тест, вели Димитрова.

Во штипскиот регион во моментов активни се 222 лица, а најголем процент од нив се над 60 години.

 

Извор: МИА

Видео на денот