Во штипскиот регион комплетно имунизирано 60 % од населението

Ковид центар во Штип / Фото: МИА

Над 26.000 штипјани се комплетно имунизирани покажуваат анализите на вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов”-Штип. Оваа бројка кажува дека над 60 % од населението во штипскиот регион е со примени две дози на вакцина.

Ана Бурева лекар на вакциналниот пункт вели дека најголем интерес деновиве има од граѓаните на возраст до педесет години, а на повик на изнемоштени лица, се врши и теренска вакцинација.

-Вакцинацијата оди во најдобар ред се вакцинира во две смени. Претходната недела имавме околу 300 лица закажано за ревакцина, а во текот на оваа недела бројката се намалува, околу 200 лица достигнува. Бројката за прва доза постепено се намалува, меѓутоа тоа се должи на тоа што имаме повеќе лица кои се извакцинирани и со прва и со втора доза, вели Бурева.

Забележува дека интерес за вакцинација од страна на граѓаните има од сите генерации, но како што вели најголемиот интерес од средната генерација, а последните денови забележуваат и зголемен интерес и кај младите од 20 до 30 години.

Секое попладне во периодот од 16 до 18 часот во Здравствениот дом во Штип се имунизираат студентите на Универзитетот „Гоце Делчев” и без мој термин се имунизираат жители од поширокиот регион.

Во Штип има 233 активни случаи, 46 лица се на лекување во ковид центарот, а 30 се на кислородна поддршка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот