Во штипската модуларна болница починала 35-годишна пациентка од Радовиш

Македонија ковид-19. / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во штипската модуларна болница се намалува бројот на пациенти, кои болнички се лекуваат. Според извештајот, во модуларната болница се лекуваат 32 пациенти од кои 24 се на кислородна поддршка.

Во Кожното одделение со полесна клиничка слика се девет лица. Битката со коронавирусот во изминатите 24 часа ја загубија 35 -годишна пациентка од Радовиш и 71 -годишен пациент од Делчево.

Началникот на штипското Инфективно одделение, Дијана Гајдарџиска-Шишкова за МИА вели дека 35 -годишната пациентка во болницата е донесена во тешка состојба, со обезност и ниска сатурација. Апелира пациентите  да се јавуваат на лекар, со цел да имаат навремен болнички третман.

Болнички третман бараат пациенти над 60 години, но на возраст од 30 до 50 години се лекуваат вкупно четворица, а на возраст над 20 години имаат една пациентка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот