Во Штип се работи на два инфраструктурни проекти

Фото: МИА

Трајче Стојчевски, советник за односи со јавност во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип информира дека Општината ја воведе во работа фирмата ВЕ ГРУП-Радовиш, за реализација  на градежни активности, односно асфалтирање на улицата „Крушевска Република” во населба Баби.

Станува збор за инвестиција вредна 1,8 милиони денари. Подготовките се во завршна фаза и деновиве се очекува да се стави и асфалтот.

Екипите на ЈП „Стипион” неколку денови работат и на тротоарот од управната зграда на ЈП „Македонија пат” до крстосницата кај Мал одмор. Оваа тротоарна површина секојдневно ја користат студентите, средношколците и работниците, кои пеш одат до факултет, училиште и фабрики.

Тротоарот со години не бил реконструиран и е во лоша состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот