Во Штип дебата за децентрализација

Горан Милевски

Министерството за локална самоуправа ја спроведува Програмата на Владата во делот на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој. Двете политики имаат огромно влијание на квалитетот на живеење на сите граѓани, рече ресорниот министер Горан Милевски на денешната годишна конференција „Децентрализација 2.0: Ефективни механизми за граѓанско учество” која се одржа во Штип.

На дебатата учествуваа експерти, градоначалници,  претставници на невалидни организации, а се пренесуваше преку платформата на zoom.

– Во текот на креирање на двата клучни документи, новата Стратегија за регионален развој која што е во Собраниска процедура и новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација која што влегува во владина процедура, министерството организираше широк консултативен процес. Документите се подготвени со учество на претставници на сите релевантни институции и на граѓанскиот сектор, рече Милевски.

Според него, и во новата Програма се поттикнува владината определба за продолжување на процесот на децентрализација, зајакнување на финансиската стабилност и самостојност на општините, пристап на сите граѓани до подобри јавни услуги, како и подобрување на транспарентноста и отчетноста на локално ниво.

Сите овие заложби нема да може да се реализираат без активно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на локалните политики и во одлучувањето. Од голема помош е и експертизата на граѓанскиот сектор, преку вакви проекти поддржани од донаторската заедница, конкретно од УСАИД. Граѓаните ги имаат своите претставници во советите на општините, но потребно е да се обезбедат и механизми кои што ќе овозможат директно вклучување на граѓаните во креирањето на локалните услуги, при планирањето на буџетот на општината, во урбанистичкото планирање, во младинските политики и за сите други важни прашања. Локалната самоуправа како облик на управување во својата суштина постои само заради граѓаните и може успешно да функционира единствено со нивно директно вклучување, на институционален и на транспарентен начин, дополни Милевски.

Тој истакна  дека со Законот за локална самоуправа се предвидени консултативни тела како што се комисиите за односи меѓу заедниците, советите на потрошувачи, но оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа што ја направи Министерството покажа дека тие не се доволно функционални. Сега, со новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација, во соработка со локалните власти и со граѓанскиот сектор имаме обврска да ги промениме работите и да создадеме одржливи механизми. Потребна е постојана соработка и синергија на јавниот сектор со граѓанскиот и со бизнис секторот.

Дебатата е во рамки на проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество”, во организација на Фондација за развој на локалната заедница со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот