Во Шпанија запленети 17 тони храна заразена од листерија (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Raul Caro

Шпанската цивилна гарда со подршка на Европол спроведе  серија апсења на лица обвинети дека продавале и дистрибуирале храна заразена со опасната и смртоносна бактерија листерија.

Европол соопшти дека се уапсени 6 лица кои иако знаеле за листеријата не ги информирале властите туку продолжиле да ја продаваат и дистрбуираат заразената храна.

Се претпоставува дека ова би можело да биде и причината за појавата на лисетерија која се појави во неколку региони во Шпанија, во кои досега се заразени 193 лица.

Иако компанијата која продавала заразени месни производи работи воглавном во Шпанија, сепак се верува дека има уште неколку лица заразени од листерија во други европски држави.

Во Франција, од конзумирање на заразена храна досега се потврдени 4 случаи на заразени од оваа смртоносна бактерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот