Во Шпанија уништување на полен, невидено досега – огнот голта сѐ, тревата останува (ВИДЕО)

Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а сите се зачудени како тоа генијално го извеле.

Како што Шпанија почна да ги попушта рестриктивните мерки поради пандемијата, луѓето полека почнаа да се враќаат кон нормалните текови, така што сега смеат да прошетаат со маска и заштитна опрема.

Граѓаните во областа Риоха при прошетка останале во чудо, кога присуствувале на спектакуларна акција на чистење на полен во парк.

Имено, со оглед на тоа дека пролетта е во полн ек и сѐ е расцветано, тревникот во паркот бил целосно прекриен со полен, но службите задолжени за одржување на зеленилото успеале на генијален начин да ја „средат“ таа површина.

Поленот во себе содржи одредено ниво на калории, па службите за зеленило го запалија. Благиот оган ја голтаа „белата прекривка“, а при акцијата за чистење, тревникот останал неоштетен.

Снимката стана вирална на социјалните мрежи, а сите се зачудени како тоа генијално го извеле, како да користеле правосмукалка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот