Во Шпанија спасени 52 мигранти: 10 се хоспитализирани
Шпанската служба за спасување соопшти дека десет лица кои страдале од хипотермија се хоспитализирани, откако биле спасени од брод со мигранти.
Вкупно 52 Африканци, меѓу кои 29 жени и девет малолетници, синоќа биле пронајдени на брод јужно од островот Гран Канарија и биле донесени во пристаништето Аргинегин, соопшти шпанската поморска спасувачка служба.
После симнувањето од бродот, медицински лица на Црвениот крст веднаш извршиле постапка за реанимација кај едно од децата, соопшти портпаролка на Црвениот крст.
Меѓу примените во болницата има и 25-годишно и двегодишно дете кои се во сериозна состојба, соопштија медицинските служби.
Еден авион сè уште трага по околу 200 лица на четири чамци со мигранти, кои вчера испратиле предупредувања дека се во неволја