Во Шпанија прв смртен случај од мајмунски сипаница во Европа

мајмунски сипаници фото МИА

Министерството за здравство на Шпанија вчера го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земја, што е прв смртен случај во Европа и втор надвор од Африка.

Претходно Бразил го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент. Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем.

Досега во Шпанија се пријавени 4.298 случаи на мајмунски сипаници, покажуваат податоците на Националната мрежа за епидемиолошки надзор (РЕНАВЕ), пренесува шпански Мундо.

Од 3.750 случаи за кои има информации, 120 се хоспитализирани, што е 3,2 отсто, а едно лице починало што е официјално првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земјата.

Координативниот центар за здравствени предупредувања и итни случаи вчера ги објави најновите податоци за заразени со мајмунски сипаници во Шпанија, кои покажуваат дека се заразени повеќе од 4.000 мажи и само 64 жени.

Пациентите се на возраст од десет месеци до 88 години, а просечната возраст на пациентите е 37 години.

Според овие податоци, 3.458 пациенти се мажи кои имаат сексуални односи со мажи (од 4.148 пациенти за кои се достапни овој тип на информации).

Што се однесува до начинот на пренесување на болеста, врз основа на 2.253 случаи, утврдено е дека 82,1 отсто имале близок сексуален контакт, а 10,5 отсто имале близок контакт кој не бил од сексуална природа, наведува Мундо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот