Денес во Шпанија е уапсен Васо Перовиќ (49) од Црна Гора, кој според оперативните информации на полицијата е наведен како член на организирана криминална група од Котор.
Црногорската полиција објави дека Перовиќ е уапсен во Шпанија по меѓународна потерница распишана од Основниот суд во Котор 2019, со цел издржување затворска казна од две години и осум месеци за создавање на криминална организација и неовластено производство, држење и дистрибуција наркотици.