Во Шпанија кошаркарски натпревар заврши со резултат 188:0
Во Шпанија беше забележан неверојатен кошаркарски резултат иако станува збор за младински категории.
Имено, кадетките на Федеса во натпреварот против Галорини Нарања славеле победа со 188:0. Во прашање е натпревар одигран од лигата во областа Сантијаго Де Компостела каде што тимот на Федеса важи за еден од најсилните.
Како и што покажува резултатот на теренот играл само еден тим, а кошаркарите на Федеса во третиот и четвртиот период постигнале по 41 поен, 58 во првата четвртина и 48 во втората.
Бидејќи станува збор за младински категории каде што цел е развојот на кошаркарките најголем дел од јавноста испраќа критики за ваквиот резултат. Се огласи и тренерот, Чави Чорен.
„Ваквите натпревари воопшто не ни помагаат во развојот на нашите млади таленти. Дали научивме нешто? Дали некој од учесниците во натпреварот научи нешто? Ги охрабрувам сите да започнеме да ги менуваме работите и да не ни се случуваат вакви резултати“, изјави Чорен.
Во категоријата кадети се натпреваруваат девојчиња на 14 и 15 години.