Во шестата сезона на серијата „Круна“ ќе биде рекреирано последното летување на принцезата Дијана

Фото: Профимедиа

Почна снимањето на шестата сезона на популарната серија на Нетфликс „Круна“, па по повод „испливаа“ фотографии од актерите на сетот. Имено, Елизабет Дебички и Калид Абадал ги глумат принцезата Дијана и нејзиниот партнер Додиј Ал Фајед.

Актерите се снимени додека ја рекреираат сцената од одморот на принцезата на југот во Франција во јули 1997 година. На одморот Дијана ги зела и своите деца, синовите Хари и Вилијам.

Елизабет неодоливо потсетува на принцезата Дијана, па со самото тоа серијата ќе биде уште поверодојстојна во прикажувањето на последните денови од нејзиниот живот.

Фото: Профимедиа

Сцените се снимени на Мајорка, а тие всушност одморот го поминале во Сен Тропе, уживајќи на јахтата на Доди, Мухамед.

Фото: Профимедиа

Дијана и Доди само еден месец по овој одмор трагично настрадаа во сообраќајната незгода, која се случи во тунелот во Париз. Ова дополнително ги „подгреа“ сомнежите и теориите за нивната смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот