Во северозападниот дел на Атина, пожарот сè уште не е ставен под контрола

Шумскиот пожар во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму не е ставен под контрола, а  противпожарните сили барем засега спречија, огнената стихија да стигне до куќите, иако неофицијално најмалку два објекти претрпеа штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарникарите ги очекува тешка ноќ, со оглед на тоа дека се активни повеќе жаришта во непрооден дел, а воздушните средства не интервенираат во мрак.

Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис вечерва информираше дека во справувањето со огнената стихија вклучени се 427 пожарникари со девет пешадиски тима и 149 возила, а во текот на денот интервенираа и 29 воздушни средства меѓу кои и рускиот авион Бериев-200.

– Пожарникарите, буквално борејќи се со природната стихија, спречија пожарот да влезе во селото. Во конкретниот случај, треба да се соочат со густа шума, без посеви што би можеле да бидат природни зони за спречување, со постојани промени на правецот на ветерот и без да постои патна мрежа, што го отежнува пристапот до конкретните точки, рече Хрисохоидис.

Соопшти дека во текот на денот избувнале 42 пожари, а во целата земја има 84 пожари.

Иако во претпладневните часови се чинеше дека пожарот што е активен од понеделникот, полека се става под контрола, попладнево, промената на правецот на ветрот, предизвика неконтролирано ширење на огнот што стигна блиску до селото Вилија.

Заменик- префектот на периферијата Атика Василис Кокалис за грчката телевизија „Опен” попладнево објасни дека во период од два и пол час неколку пати се сменила насоката на ветерот, а со тоа и интензитетот и правецот на пожарот и истакна дека „пожарот ќе запре кога нема да има што друго да изгори”.

Планинското село Вилија се наоѓа во северозападниот дел на областа Атика, на околу 50 километри од центарот на Атина и има околу 4.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот