Во Серија А во иднина мајсторка ќе решава за титулата

Милан продаден на американските инвеститори „РедБрд Капитал Партнерс“/ фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) денеска го потврди усвојувањето на новите пропозиции за Серија А меѓу кои е и воведување на плеј-оф натпревари доколку се случи на крајот од сезоната две екипи да имаат ист број на бодови.

Тоа значи дека повеќе нема да се зема во предвид гол разликата, ниту меѓусебниот скор, ниту фер-плејот како последна опција според која се бара разлика помеѓу двата тима кои имаат ист број на бодови.

Со новите пропозиции, од сезоната 2022/23 доколку две екипи имаат ист број бодови, ќе треба да одиграат мајсторка за титулата, а доколку нема победник по 90 минути игра, веднаш ќе се изведуваат пенали.

Ова е враќање на старото правило кое важеше во Серија А за сите ситуации: борба за титула, борва за пласман во европските купови или за опстанок.

Само еднаш во историјата на Серија А се играло мајсторка за титулата. Натпреварот меѓу Болоња и Интер се одигра на 7 јуни 1964 година на Олимпискиот стадион во Рим.

Двата тима имаа по 54 освоени поени, а Болоња славеше со 2:0 во мајсторката и дојде до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот