Во септември е забележан раст на бројот на туристи и ноќевања

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122.645, а бројот на ноќевањата изнесува 275.892.

Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %.

Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.6 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 3.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.

Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.4 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот