Во семејна расправија татко со остар предмет го прободел својот син

Фото: илустрација

На 30.06.2019 околу 20.40 часот било пријавено дека во с.Желино, тетовско, при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23).

Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале.

Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” -Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот