Во секоја општина има криминални групи, вели градоначалникот на Арачиново Ибраими

Фото; Фејсбук

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори на обвинувањата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во Арачиново има криминални групи со кои полицијата соработува.

– Надлежностите на локалната самоуправа се ограничени. Ние како локална власт немаме ингеренции, немаме ниту полициска станица, туку го имаме само регионалниот центар Гази Баба. Полицискиот командир ги нема овие податоци. Конечно, секоја општина има свои проблеми, во секоја општина има такви групи. Но, сепак ние сме заинтересирани да нема такви групи во нашата општина, ниту во другите општини – рече Ибраими.

Тој уверува дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од жителите на оваа општина.

Според Ибраими, енормното зголемување на потрошувачката на струја од оваа општина се должи на пумпите за вода.

– Екипите на ЕВН нормално продолжуваат со работа. Надминати се проблемите што ги имавме. Во однос на управувањето со електричната енергија и заштедата, во нашата општина, поради енормното зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тоа е затоа што Арачиново почна да се снабдува со вода, откако пред една година немаше ниту една капка вода – изјави Ибрахими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот