Во секој тим има барем по еден хомосексуалец

EPA-EFE/PETER POWELL

Капитенот на англиски Вотфорд, Трој Дини во пресрет на продолжувањето на Премиер лигата зборуваше во подкастот на Би-Би-Си со Луис Теру, зборуваше за најголемото табу во англискиот но и светскиот фудбал, хомосексуалноста.

– Можам слободно да кажам дека во секоја екипа постои барем една геј или бисексуална личност. Тие се тука, сто проценти сум сигурен. МИслам дека се плашат од одговорноста да бидат први кои јавно ќе зборуваат за ова. Кога првиот ќе признае јавно, ќе се јават многумина по него. Мислам дека дека само во првата недела би се јавиле барем 100 фудбалери. Едноставно,никој не сака да биде прв – рече Дини.


Капитенот на Вотфорд смета дека многу полесно за фудбалерите-хомосексуалци да ја признаат откако ќе ја завршат кариерата бидејќи се плашат од реакциите како на јавноста така и на соиграчите.

– Кога ќе ја завршат кариерата без разлика со кој спорт се занимаваат, признаваат дека се хомосексуалци. Тоа сигурно е неверојатно голем товар да се носи за време на актувната кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот