Во Саудиска Арабија нападнати два танкери, доставувале нафта за Американците

Два саудиски нафтни танкери значително се оштетени во „саботажа“ во водите недалеку од брегот на Обединетите Арапски Емирати, објави денеска саудискиот министер за енергетика Калид Ал-Фалих, пренесуваат светските медиуми.

Еден од двата брода бил на пат да биде натоварен со саудиска нафта, која требало да биде испорачана на купци во САД.

Во нападот немало повредени, ниту пак дошло до излевање на нафтата, но причинета е значителна штета на конструкцијата на бродовите, пренесуваат саудиските медиуми.

Министерот за енергетика го осуди нападот, кој има за цел да ја поткопа слободата на поморското пловење и безбедноста при обезбедувањето со нафта на потрошувачите ширум светот, стои во соопштението.

Тој нагласи на одговорност на меѓународните организации за заштита на безбедност и сигурноста на нафтните танкери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот