Во Сараево прва Парада на гордоста – се подготвувала две години

Парада на гордоста/ Фото: Архива на Слободен печат

Првата Парада на гордоста во Сараево ќе биде одржана денеска, но за време на маршот ќе биде одржан и контрасобир на оние кои се противат на таа манифестација.

Бранко Чулбрик и Селма Кешетовиќ од организацискиот одбор на БиХ Парадата на гордоста велат дека подготовките траеле две години. Тие истакнуваат дека ЛГБТ-заедницата во БиХ секојдневно живее во страв поради потенцијално насилство над нив поради сексуалната ориентација, дополнувајќи дека не се создава атмосфера за општеството да ги прифати различностите. Сепак, тие веруваат дека институциите се способни да се справат со потенцијалното насилство, мотивирано од хомофобијата.

Организаторите велат дека денешната парада е првенствено организирана од ЛГБТИК-заедницата за ЛГБТИК-заедницата од БиХ, но и дека добиваат поддршка од многумина во земјата. Освен амбасадорите и претставници на власта, Парадата на гордоста ќе биде поддржана и од учесници од земјите од регионот, но и пошироко.

Непосредно пред почетокот на првата Парада на гордоста во БиХ (од 12 до 14 часот) ќе биде одржан и протест против одржувањето на маршот за правата на ЛГБТИК-заедницата. Протестот го организира „Иницијатива Искорак” (Иницијатива Исчекор).

Претходно реагираше и Здружението на млади муслимани, кои собирот го нарекоа „парада на срамот” и тврдат дека зад парадата се кријат други цели, а не заштита и унапредување на човековите права.

На Парада на гордоста се очекуваат околу 500 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот