Во Сараево Парада на гордоста и контрапарада на исламско здружение

Сараево, Поворка на гордоста. / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Утрово центарот на Сараево беше блокиран од полициски сили за да се спречат судири за време на парадата на гордоста оргаизирана од ЛГБТИ+ здуженијата и собирот на нивните противници.

Собирот е под мотото Отпор од маргините и во главниот град на БиХ се организира по третпат. Целта е да предупреди на постојаната дискриминација на припадниците на сексуалните малцинства.

Поддршка на собирот дадоа општинските власти и владата на Сараевската жупанија, амбасадите на САД и Велика Британија и Канцеларијата на високиот претставник за БиХ.

Но, на овој собир веднаш реагираа конзервативните исламистички здруженија со контрасобир наречен Вера, народ, правда. Нивните следбеници го негираат правото на ЛГБТИ+ популацијата на јавно изразување на својата сексуална ориентација.

Бидејќи за двата собира беа поднесени уредни барања, полицијата ги одобри. Но, преземени се мерки двата истовремени собира да не дојдат во контакт поради опасност од избивање насилство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот