Во самоубиствен напад во Сомалија шестимина загинати

Најмалку шест лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад пред џамија во сомалискиот пристанишен град Кисмајо, изјави за ДПА Абдинасир Гулед, регионален официјален претставник.

Атентатор-самоубиец, облечен во тежок елек со експлозив, ја нападна муслиманската конгрегација во џамијата Кадим во центарот на градот, додека луѓето излегуваа од џамијата по извршувањето на петочната молитва, рече Гулед.

Во нападот, кој е можно да бил насочен кон провинциски политичар, повредени се 20 лица.

Одговорност за нападот презеде милитантната група Ал Шибаб, која има тесни врски со терористичката Ал Каеда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот