Во самоизолација сопругата на министерот Спасовски

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека издал само едно решение за самоизолација, по епидемиолошката анкета на лицата кои изминатите денови биле во контакт со министерот Оливер Спасовски.

– Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата.

Со оглед на тоа што тие не го открија идентитетот на лицето,  станува збор за сопругата на министерот Спасовски, објави Фокус.

Пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на ковид-19 и дека има благи симптоми на болеста.

Цели два дена се утврдуваат контактите на министерот Спасовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот