Во САД во јуни најголем буџетски дефицит во историјата

Владата на САД во јуни регистрира најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антикорона-програми се зголемија, а приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места.

Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.

За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 илјади милијарди што е исто така рекорд за ваков период. Со тие податоци, конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 илјади милијарди долари.

Таа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 илјади милијарди долари поради Светската економска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот