Во САД во јули отворени 1,8 милиони нови работни места

Најмногу вработувал секторот забава и угостителство, потоа малопродажба, и секторите на професионални и деловни услуги и здравството.

Американските работодавачи во јули нето отворија 1,8 милиони работни места, значително помалку од јунскиот рекорд, покажаа денешните податоци на министерството за труд.

Министерството воедно незначително ги ревидирапе податоците за јули и јуни, кои покажуваат дека во тие два месеци нето се отворени вкупно 4,79 односно 2,75 милиони работни места.

Јунската бројка е најголема од 1939 година, кога владата почна да ги собира тие податоци.

Стапката на невработеност падна во јули за 0,9 процентни поени во однос на јуни и изнесува 10,2 посто. Вкупно во јули без работа останаа 16,3 милиони Американци, за 1,4 милиони помалку од јуни.

И покрај падот во изминатите три месеци стапката на невработеност во јули била повисока за 6,7 проценти поени отколку во февруари, пред избивањето на епидемиајта. Бројот на невработени е поголем е за 10,6 милиони отколку во вториот месец во годината, нагласуваат од министерство.

Приватниот секор во изминатиот месец нето отвори вкупно 1,46 милиони работни места,  а државните служби 301 илјади.

Најмногу вработувал секторот забава и угостителство, потоа малопродажба, и секторите на професионални и деловни услуги и здравството.

Извештаите покажуваат дека просечната цена по час во јули била речиси непроменета во однос на јуни и изнесувала 29,39 долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот