Во САД ветинг се прави пред функционерите да дојдат на функциите, вели амбасадорката Агелер

Фото: ТВ Телма / принтскрин

Процесот на ветинг е многу важен и е предизвик, особено во правосудниот систем, рече вечерва во гостувањето на „Алсат“ американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Според неа, многу е важно овој процес, доколку се направи, да биде спроведен на целосно транспарентен и фер начин.

„Ветингот може да биде многу предизвикувачки, како што видовме во некои други држави каде што не функционираше добро. Тоа е особено предизвик во правосудниот систем поради потребата да се проценат оние кои се веќе на позиција и во систем каде што веќе постои корупција, многу е важно да се осигураме дека тој процес е целосно транспарентен и фер. Проверката во САД се врши пред да се дојде на функција. Немаме доволно време да ви ја опишеме маката низ која поминав за да бидам номинирана и потврдена за амбасадор на САД. Се надевам дека оваа земја ќе најде начин да го придвижи процесот на ветинг пред луѓето да ги преземат своите позиции, на начин кој е најдобар за таа институција“, рече Агелер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот