Во САД уапсени две лица поврзани со бегството на бизнисменот Гон од Јапонија

Тие наскоро треба да се појават пред федерален судија во Масачусетс по видео врска.

Властите на САД уапсија две лица кои според истрагата помогнале во реализацијата на бегството од Јапонија на Карлос Гон, поранешен раководител на алијансата „Рено-Нисан-Митсубиши”.

Гон се наоѓаше во домашен притвор лани во Јапонија и успеа да избега од јапонските власти во филмски организирано авионско бегство преку повеќе граници од Токио до Либан.

Задржувањето било направено по барање на Јапонија. Според информациите во некои американски медиуми, задржаните се браќата Питер и Мајкл Тејлор, вториот е поранешен служител во „Зелени беретки”, специјална единица во армијата на САД. Тие наскоро треба да се појават пред федерален судија во Масачусетс по видео врска.

Како што е веќе познато, Карлос Гон од Јапонија беше обвинет за финансиски малверзации но при крајот на 2019 година успеа да побегне од куќен притвор таму во Либан. Гон тогаш изјави дека побегнал од „неправеден и политички мотивиран прогон” на кој бил изложен во Токио. Обвинителството на Токио кон крајот на јануари зеде три налози за апсење на лица вовлечени во бегството. Еден од налозите бил издаден на име Мајкл Тејлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот