Во САД се зголемуваат намерите за вакцинација против ковид-19, Французите се највоздржани

Само четириесет отсто од Французите сакаат да се вакцинираат против ковид-19, покажува истражувањето објавено денес, а кое има најниска стапка за желба на населението за вакцинација во светот, јави дописникот на МИА.

Анкетата покажува дека  само четири од 10 Французи сакаат да се вакцинираат против ковид-19, со што Франција е на врвот на воздржани земји, пред Русија и Јужна Африка.

Додека кампањата за вакцинација штотуку почна во земјата, само 40 отсто од Французите се согласуваат да се вакцинираат против ковид, се наведува во истражувањето на „Ипсос Глобал Адвајсор”, во партнерство со Светскиот економски форум. Ова претставува голем пад во споредба со нивната претходна студија објавена во октомври, кога 54 отсто од Французите имаа намера да се вакцинираат и уште повеќе во споредба со август (59 отсто).

Последните податоци од Јавното здравство Франција објавени на почетокот на декември, исто така, покажаа пад на желбата за вакцинирање, кога  53 отсто од испитаниците наведоа дека дефинитивно или веројатно ќе се вакцинираат.

Франција не е единствената земја каде намерите за вакцинација се релативно ниски. Така, според студијата, само 43 отсто од Русите се подготвени за вакцинирање, а 53 отсто од Јужноафриканците. Следуваат Јапонија (60 отсто), Италија и Шпанија (62 отсто), следени од Германија (65 отсто).

Спротивно на тоа, Кина ја предводи земјата каде што луѓето најверојатно се вакцинираат (80 отсто), пред Бразил (78 отсто) и Велика Британија (77 отсто), прва земја каде што започна  вакцинацијата на 8 декември. САД, каде што почна и огромна кампања за вакцинирање, се единствената земја каде се зголемуваат намерите за вакцинација (69 отсто денес, 64 отсто во октомври).

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот