Во САД пронајден Афроамериканец обесен на дрво, семејството смета дека е убиен (ВИДЕО)

Фото: Screenshot: Youtube/CBS Los Angeles

Кој би го направил тоа? Ниту еден црнец не би се обесил јавно“, рече една жена, а пренесува New York Times.

Минатиот понеделник минувач кој во раните утрински часови шетал низ Палмдејл, северниот округ на Лос Анџелес, забележал дека среде јавниот парк виси човек обесен на стебло. Набрзо ги повикал надлежните служби кои утврдиле дека мажот со црна боја на кожата е мртов.

Починатиот подоцна е идентификуван како Роберт Л. Фулер, а властите инцидентот го класифицираа како „веројатно самоубиство“, објави CNN.

„За жал, ова не е прв ваков инцидент откако започна пандемиајта на ковид-19. Посветено работиме на решавањето на прашањата на ментално здравје во текот на овие тешки времиња“, се наведува во изјавата на градските власти.

„Ниту еден црнец не би се обесил вака јавно“

Кога портпаролот на полицијата во петокот на конференција за новинари ги објави прелиминарните наоди за смртта на Фулер и соопшти дека најверојатно се работи за самоубиство, огорчена маса луѓе побара независна истрага.

„Се обидуваме да откриеме што точно се случило“, повика градоначалникот на Палмдејл Стивен Д.Хофбауер во обид да ги смири насобраните.

Групата граѓани побара на увид снимки од надзорните камери, а еден градски службеник одговори дека во паркот нема надзорни камери. Во текот на конференцијата за новинари градските власти повеќе пати рекоа дека истрагате е во тек и дека ги чекаат наодите од обдукцијата.

Семејството смета дека се работи за злосторство од омраза

Демонстраните во саботата со минута молчење му оддадоа почит на Роберт Фулер во истиот парк каде што е пронајден обесен на дрво. Меѓу нив беше и сестрата на Фулер, Дајмонд Александер, која рече дека првичниот наод на службениците дека се работи за самоубиство немаат смисла.

„Има многу неточно во тоа што ни го кажаа. Прво слушнавме едно објаснување, а потоа друго. Ние само ја сакаме вистината“, рече таа и додаде дека нејзиниот брат не бил суициден.

Роднината на Фулер, Перниша Теус исто така потврди дека немал суицидни склоности.

„Не беше суициден. Не сакаме такво нешто да се имплицира“, рече и наведе дека мисли дека се работи за злосторство од омраза.

Семејството на момчето сака истрагата да се класифицира како истрага за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот