Во САД приведен шефот на Комитетот за инаугурација на поранешниот претседател Трамп

Том Барак, долгогодишен близок пријател на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во 2017 година го предводеше комитетот за инаугурација на Трамп, денеска беше приведен под обвинение дека работел како нерегистриран агент на владата на Обединети Арапски Емирати. 

Барак и две други осомничени лица исо така биле обвинети за лажни изјави пред Федералното биро за истраги (ФБИ). 

Обвинителите соопштија дека Барак ги користел блиските врски со Белата куќа на Трамп за лобирање во полза на интересите на владата на ОАЕ и не ги регистрирал своите активности кај јавниот обвинител. 

Барак и уште едно лице биле задржани од полицијата на Лос Анѓелес и треба денеска да се појават пред судот. Додека третото лице е државјанин на ОАЕ кое некогаш живеел во Калифорнија и недостапно за органите на прогонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот