Во САД по 17 години извршена смртна казна на федерално ниво

Фото: МИА

Уште две егзекуции на федерално ниво се закажани за подоцна оваа недела, додека четвртата егзекуција е планирана за август. 

Првата смртна казна на федерално ниво во САД по 17 години беше извршена денеска откако е егзекутиран човек осуден за тројно убиство, соопшти Министерството за правда.

Даниел Ли (47) беше егзекутиран со смртоносна инекција во сојузен затвор во Индијана, се вели во соопштението.

Во 1999 година, Даниел Ли беше прогласен за виновен за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж.

Според американските медиуми, семејствата на жртвите се спротивставиле на егзекуцијата, па затоа поднеле тужба за нејзино запирање, наведувајќи го високиот ризик од корона инфекција.

Врховниот суд синоќа им даде зелено светло на федералните власти да ја извршат смртната казна, прва од 2003 година. Уште две егзекуции на федерално ниво се закажани за подоцна оваа недела, додека четвртата егзекуција е планирана за август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот