Во САД пад на потрошувачката во април од 16.4 проценти

Економистите предвидуваат потрошувачката да започне да се зголемува во мај, затоа што многу сојузни држави почнаа постепено отварање на бизнисите и се бележи зголемена раздвиженост.

 Во САД, продажбите на стоки за широка потрошувачка како резултат на пандемијата во април се намалиле за 16.4 проценти, се наведува во владин извештај објавен денеска.

Овој пад на потрошувачката следи по мартовското намалување од 8.3 проценти, најголем таков двомесечен пад забележан досега.

Во САД, вкупниот пад на стоките за широка потрошувачка, вкучително и продажбите во продажи локации и онлајн, како и парите потрошени во барови и ресторани, во април бил најголем од 2012 година, без да се смета инфлацијата.

Економистите предвидуваат потрошувачката да започне да се зголемува во мај, затоа што многу сојузни држави почнаа постепено отварање на бизнисите и се бележи зголемена раздвиженост.

Сепак, обновата на потрошувачките способности на американските граѓани се предвидува да биде спора и нееднаква, и дека нема гаранција за враќање на цифрите на ниво од пред пандемијата.

-Иако Американците ќе се вратат на шопинг по продавниците, тие нема да ја имаат истата куповна моќ, нема да ги имаат истите суми на пари за трошење, бидејќи милиони луѓе ги изгубија работите, сметаат познавачите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот