Во САД ослободен педофил осуден на 1.000 години затвор

Во САД педофил, кој е осуден на илјада години затвор, е ослободен на условна казна, пишува весникот „Њујорк тајмс”.

Питер Малори, жител на американската сојузна држава Џорџија, е ослободен по поминати осум години в затвор. Ослободителната пресуда ја даде Апелацискиот суд во мај оваа година,  утврдувајќи дека педофилот отслужил доволна казна.

Малори беше уапсен во 2011 година поради поседување детска порнографија и навлегување во приватноста. Тој беше приведен во текот на истрагата за случаи на собирање порнографски материјал во кампусот на Техничкиотфакултет во Западна Џорџија, каде што работел. Полицијата се сомневала на еден од студентите за сторено кривично дело, но при претресот на компјутерот на Малори се откриени повеќе од 26.000 досиеја за детска порнографија.

Во 2012 година, судот го прогласи за виновен. Во судницата тој беше опишан како „најактивниот колекционер на детска порнографија во светот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот