Во САД од коронавирус се заразени над шест милиони лица (ФОТО)
Бројот на заразени со коронавирусот во САД ја надмина бројката од шест милиони, откако Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрираа 32.087 нови случаи, пренесуваат британските медиуми.
Вкупниот број на досега инфицирани изнесува точно 6.004.443.
Бројот на смртни случаи денеска се зголеми за 428, и во апсолутни бројки сега изнесува 183.050.
Според апсолутните бројки на заразени и починати, САД се далеку најтешко погодена земја од пандемијата.
Претседателот Доналд Трамп, кој се кандидираше за втор мандат на изборите кои се закажани на 3 ноември, вети целосно сузбивање на пандемијата благодарение на вакцината за која, како што тврди тој, „наскоро ќе биде достапна во стотици милиони дози“.
Пред нешто повеќе од три недели, САД имаа пет милиони заразени.