Во САД од корона починати повеќе лица отколку за време на терористичките напади од 9/11

Досега во САД како последица од корона вирусот починале вкупно 3.175 лица.

Само денеска од КОВИД – 19 во САД починаа 575 лица и ова е најголем број смртни случаи на дневно ниво откако во земјата изби епидемијата.

Досега вкупно починале 3.175 лица, а овој број го надмина бројот на жртви од терористичкиот напад од 11 септември 2001 година кога терористи со коднапирани авиони го нападнаа Светскиот трговски центар и Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД.

Во терористичките напади вкупно загинаа 2.996 лица заедно со напаѓачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот