Во САД најголем долг има AT&T! – Слободен печат
ВестиЕкономија

Во САД најголем долг има AT&T!

Според податоци на 24/7 Wall Street три од петте компании во тој список се со долгови над 100 милијарди долари, и се во сферата на телекомукациите.

Во првите три месеци од 2019 година вкупно јавниот долг на САД достигна рекордни 70 илјади милијарди. Од нив, сума од 9 илјади милијарди се вкупните долгови на нефинансиски компании.

Од онлајн платформата HowMuch објавија кои корпорации во економијата број еден во светот имаат најголеми долгови.

Според податоци на 24/7Wall Street три од петте компании во тој список се со долгови над 100 милијарди долари, и се во сферата на телекомукациите.

На прво место со најдолгорочен долг е гигантот АТ&Т кои лани го купија Тајм Ворнер. Нивните долгови се 166,3 милијарди долари.

На второ место се телекомуникациските компании Комкаст и Верајзон со 107,3 и 105,9 милијарди долари. Во првите пет се автомобилски производител и индустриски лидер. Станува збор за Форд Мотор и Џенерал електрик кои имаат долгови соодветно – 100,7 и 95,2 милијарди долари. Најголеми должници во технолошкиот сектор се Епл, Мајкрософт и Оракл со 93,7, 72,2 милијарди долари и 51,7 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close