Во САД и Франција втор ден по ред висок број инфекции со Ковид-19

epa08770448 A sign 'Stop Corona - Wear a face mask' in the city centre of Dortmund, Germany, 24 October 2020. Throughout Germany, the number of cases of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus is rising. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

САД регистрираа синоча рекорден број новозаразени со Ковид-19 втор ден по ред, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Бројот на новозаразени е 88.973. Во претходниот ден имаше 79.963 со симптоми на Ковид-19. Нешто над 900 се починатите за изминатите 24 часа. Најтешка е ситуацијата на Средниот запад, а 35 од 50 држави регистрираа зголемен број на новоинфицирани.

Во Франција, во последните 24 часа се потврдени 45.422 случаи на новозаразени со Ковид-19, што е најголем број  за 24 часа.

Во тој период починаа 138 лица. Тоа е за околу 3.000 новоинфицирани повеќе отколку во петокот, кога беше регистриран и рекорден дневен биланс.

Извор; МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот