Во САД 80 отсто од населението примило барем една вакцина против ковид

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

 Осумдесет проценти од Американците на возраст од 12 и повеќе години примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, потврди денеска координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Зајентс, пишува USA Today.

Зајентс додаде дека 2,6 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.

Американската Администрација за храна и лекови ја одобри вакцината против Ковид-19 за деца на возраст од пет до 11 години и препорача да се вакцинираат со две дози во интервал од три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот