Во сабота РК Алкалоид ќе го игра првиот официјален натпревар

Првиот официјален натпревар клубот ќе го има в сабота во Првата лига против РК Металург - РА/Фото: РК Алкалоид

Утре, 18 септември (сабота) од 12.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, РК „Алкалоид“ ќе го одигра првиот официјален натпревар против РК „Металург – РА“. РК „Алкалоид“, како новоформиран клуб, сезоната ја започнува во машката Прва лига, во која оваа сезона ќе се натпреваруваат 19 екипи.

Екипата на РК „Алкалоид“ е веќе формирана, а играчите се во полн тренажен процес и подготвени за предизвиците кои доаѓаат во ракометната сезона. Екипата е составена од млади, талентирани ракометари, кои биле дел од младинските состави на македонската ракометна репрезентација, но и дел од сениорскиот состав.

Составот на РК „Алкалоид“ за оваа сезона е следниот:

Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски
Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески
Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски
Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски

Стручниот штаб е составен од искусни ракометни експерти од нашата држава:

Главен тренер: Љубомир Савевски
Помошници тренери: Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески
Кондициски тренер: Петар Баснарков
Физиотерапевт: Тошо Ристовски

РК „Алкалоид“ е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Со организација на стручната работа, РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет.

Со меморандум за соработка е официјализирано партнерството на РК „Алкалоид“ со брендот на Кире Лазаров „КЛ7“. Со меморандумот овие два бренда здружено ќе ги остваруваат зацртаните цели на клубот. Визијата е преку ракометните школи на „КЛ7“, а потоа и преку младинските и преку сениорските екипи на РК „Алкалоид“, да се градат идните македонски ракометни репрезентативци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот