Во рускиот напад врз Лавов загинаа најмалку седум луѓе

Напад над Лавов / Фото / AFP / Profimedia

Во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Лавов загинаа седум луѓе, а 38 се повредени, изјави градоначалникот Андриј Садовиј.

При нападот запалени се станбени згради, а две училишта се оштетени.

Руските сили лансираа проектили и беспилотни летала кон Киев и Лавов, Западна Украина, недалеку од границата со Полска, при што бил активиран украинскиот систем за противвоздушна одбрана.

Во исто време Полска денеска подигна воени авиони, третпат за осум дена, во одбрана на својот воздушен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот