Во рускиот град Уфа притворена соработничка на Навални поради „екстремизам”

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Судот во рускиот град Уфа донесе одлука до 9 јануари да ја притвори активиската Лилија Чанишева поради формирање екстремистичка организација.

Судот од овој град вчера донесе одлука на два месеца да приведе активистката и отворен поддржувач на Алексеј Навални, што е прв ваков случај на апсење на некој соработник од мрежата на Навални откако таа беше прогласена за екстремистичка.

-Судот во градот Уфа донесе одлука за притворање на Лилија Чанишева до 9 јануари поради формирање на екстремистичка организација, изјави адвокатот Владимир Воронин.

За ова дело е предвидена затворска казна до десет години.

Воронин додаде дека ова е прв ваков случај откако политичкото движење на Навални, најистакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, летово беше прогласено за екстремистичко.

Адвокатот на Твитер напиша дека ќе поднесе жалба на одлуката. Чанишева пред судот изјави дека е во рана фаза од бременоста, но државниот истражител кажа дека постои опасност таа да побегне.

Чанишева водеше една од мрежните кампањи на Навални во Уфа, град во близина на Урал, додека тимот на Навални не ги распушти затоа што московскиот обвинител почна процес да ги прогласи за екстремисти.

Откако пресудата стапи на сила, властите во септември покренаа тужба против 45-годишниот Навални и неговите сојузници за основање екстремистичка организација.

Чанишева беше приведена во вторникот, а полицијата изврши претрес и во домовите на голем број други активисти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот